За мене (Нешто повеќе за мене)
Здраво, јас сум Ѓорѓи Јованов, имам 18 години и живеам во Неготино.
Ученик сум во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј" и сум еден од најактивните во училиштето. Се занимавам со графички дизајн, но повеќе имам искуство со изработување на проекти, соработка со организации, лидерство итн. Во изминативе 4 години , имам изработено над 100 проекти, кои половина од нив се мали а другата половина се големи. На другата страна од мојата професија како хоби се занимавам со музика веќе 4 и пол години. Волонтер сум 2 години во радиото Енерџи како Ди-Џеј , во Црвениот крст во клубот на млади сум 2 години активен каде што сите мои изработени проекти со помош на волонтерите се оцнети со највисока оценка. Дизајнер сум на два весника. Во училиштето ги обработувам снимките од активностите. Досега имам искуство од консултант каде што соработував со кампери на англиски јазик. Имам завршено курс по англиски од 8 степени. Имам направено интервју истотака и створено контакт со еден од најпознатите продуценти DJ LUCIANO кое беше истовремено во контакт со деца од чиле. Ова е накратко мојата автобиографија, се надевам дека ви се допадна, а доколку сакате да разгледате низ некој од мојте изработени проекти поврзани со помагање, изработување и соработување - слободно превземете ја мојата автобиографија.
|